Ad libitum

Место за музика, инспирација и техника

Одбери Обука

Пијано

Соло пеење

Музичка теорија

Награди

Прво место

Цветанка Николова

Прв дипломант

Естрадно пеење

Езерски Бисери - Струга 2014

Трето место

Теодора Трифуновска

Трет лауреат

Естрадно пеење

Езерски Бисери - Струга 2014

Прво место

Иван Мамучевски

Прв лауреат

Естрадно пеење

Езерски Бисери - Струга 2014

Второ место

Тина Ристеска

Втор дипломант

Соло пеење-класична музика

Езерски Бисери - Струга 2014

За Нас

Ad Libitum е центар во којшто можете да добиете музичка обука од високо образовани професионалци кои се веќе признаени и остварени во своето поле.

Можете да изберете кој било од предметите на изучување кои ги нудиме, а исто така и да комбинирате повеќе од еден. Динамиката и распоредот на часовите се по договор и инсистираме секогаш да се по Ваша желба.

Имаме професионален, но и пријателски пристап. Сите наши студенти постојано имаат можност практично да го прикажат наученото, како на концертите кои ние ги организираме, така и на фестивали надвор од нашата организација со кои постојано соработуваме.

Ние создадовме место каде Вашата креативност и талент ќе ги сретнат совршените услови и околности и ќе успеат да процветаат и прераснат во уникатен уметнички израз својствен само за Вас.

Не постои никакво возрасно ограничување. Сите љубители на музиката од која било  возраст се топло добредојдени во нашиот центар.

Нашиот тим е искусен и спремен да Ве подготови за приемните испити за упис на Факултетот за музичка уметност или Средното музичко училиште.Часовите се одржуваат на македонски или англиски јазик.